| четврток, 6 декември 2018 |

(Вознемирувачки фотографии) Ветеринарите од Штип направиле масакр врз кучиња

Ветеринарната станица Штип е одговорна за масовното убиство на кучиња во Штип што се случи пред половина година, кога повеќе бездомни животни биле уловени и убиени со инјектирање отров, со врзани музцки и нозе, а потоа фрлени на штипската депонија, пренесува ПетПорталот.

shtip

Истрагата го посочила виновникот, кој е парично казнет, се вели во соопштението на здружението за заштита на животните, кое било писмено известено за исходот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

17110_10151297337159853_643280068_n

– Ова ѕверство не смее и нема да дозволиме да помине само со парична казна. Го повикуваме Јавното обвинителство, кое е на потег да отвори кривична постапка кон одговорното лице во правниот субјект, по член 233 од кривичниот законик, бидејќи делото содржи експлицитни елементи кривично дело мачење, што подразбира и казна затвор за сторителите – велат од „Анима мунди“, кои беа првите кои го пријавија масовното убиство на кучиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top