Ветеринарната станица Штип е одговорна за масовното убиство на кучиња во Штип што се случи пред половина година, кога повеќе бездомни животни биле уловени и убиени со инјектирање отров, со врзани музцки и нозе, а потоа фрлени на штипската депонија, пренесува ПетПорталот.

Истрагата го посочила виновникот, кој е парично казнет, се вели во соопштението на здружението за заштита на животните, кое било писмено известено за исходот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Ова ѕверство не смее и нема да дозволиме да помине само со парична казна. Го повикуваме Јавното обвинителство, кое е на потег да отвори кривична постапка кон одговорното лице во правниот субјект, по член 233 од кривичниот законик, бидејќи делото содржи експлицитни елементи кривично дело мачење, што подразбира и казна затвор за сторителите – велат од „Анима мунди“, кои беа првите кои го пријавија масовното убиство на кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Масакр во Валона, момче уби осум роднини со калашников
-
Ужас во Флорида: 17 убиени лица, напаѓачот е поранешен ученик (галерија) (видео+18)
-
Зошто никој не зборува за пораката на масичката: Морбидни фотографии од собата на убиецот од Лас Вегас


