Денес имав привилегија да одиграм натпревар со Еднру Лапторн, тенискиот играч во инвалидска количка, кој доаѓа од Англија. Оваа година изгуби во финалето, но затоа минатата година победи во двојки во АО – напиша денес Новак Ѓоковиќ, во пресрет на утрешниот важен натпревар, турнир на кој ќе ја брка трета титула.
– Прекрасно да се види дека нашиот спорт не познава граници, а спортистите како него тоа го докажуваат секој ден. Тој носи многу радост во тенисот. Прекрасно искуство – напиша српскиот тенисер на својот профил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.