| четврток, 6 декември 2018 |

На Троицки девојка му седела на 2 стола

Манекенката паралелно се гледала и со извесен Драган, кој има сопруга и ќерка, а сега нивната врска повеќе не ја кријат

suncica-travica

Сунчица Травица во текот на последниот месец од петгодишната врска со тенисерот Виктор Троицки била во паралелна љубовна авантура со оженет човек. Таа и тенисерот раскинаа пред извесно време, а како што дознава српски „Курир“, виновник за тоа е триесет и деветгодишниот Драган, чие презиме сѐ уште не се соопштува.

– Сунчица и Драган ја криеја својата врска, а откако пукна меѓу неа и Виктор, почнаа да се појавуваат заедно, без оглед на тоа што тој има семејство. Дури беа и на краток одмор во Италија, а Травица покрај Драган целосно заборави на Троицки – вели извор за српскиот весник.

Инаку, минатата година се пишуваше дека Сунчица додека официјално била со Троицки ја одржувала и врската со Зоран, синот на Слободан Пухалц, поранешниот министер за индустрија, енергетика и рударство на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top