Сунчица Травица во текот на последниот месец од петгодишната врска со тенисерот Виктор Троицки била во паралелна љубовна авантура со оженет човек. Таа и тенисерот раскинаа пред извесно време, а како што дознава српски „Курир“, виновник за тоа е триесет и деветгодишниот Драган, чие презиме сѐ уште не се соопштува.
– Сунчица и Драган ја криеја својата врска, а откако пукна меѓу неа и Виктор, почнаа да се појавуваат заедно, без оглед на тоа што тој има семејство. Дури беа и на краток одмор во Италија, а Травица покрај Драган целосно заборави на Троицки – вели извор за српскиот весник.
Инаку, минатата година се пишуваше дека Сунчица додека официјално била со Троицки ја одржувала и врската со Зоран, синот на Слободан Пухалц, поранешниот министер за индустрија, енергетика и рударство на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



