| четврток, 6 декември 2018 |

Стеауа сигурно чекори кон Лигата на шампионите

Стеауа се доближи на чекор до пласман во Лигата на шампионите по победата вечерва проти Динамо во Тбилиси. Романците кои претходно го елиминираат Вардар, победија во Грузија со 2-0 и со огромна предност го очекуваат реваншот за една седмица. Резервниот фудбалер Јанку беше јунак на натпреварот и со два гола и донесе мирен возвратен дуел на Стеауа. Со него епитетот играч на мечот го дели голманот Татарашану, кој одбрани пенал при резултат 0-0, а трагичар беше Циско од Динамо.

За двата тима играа македонски интернационалци, а поуспешен беше Даниел Георгиевски, десниот бек на Стеауа. Директен противник во неколку дуели му беше Дарко Глишиќ левиот бек на Динамо. На крајот се радуваше стандардниот репрезентативец на Македонија, Георгиевски.

Во премиерниот дуел Шахтар Караганди го декласира Скендербег со 3-0, а вечерва Австрија Виена славеше со 1-0 против Хафнарфјордур. Убедлива победа од 4-0 на гостувањето во Естонија кај Номе Калју, забележа чешкиот шампион Плзен. Останатите мечеви од третото квалификациско коло се во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top