Mакедонскиот продуцент и диџеј Емил Хаџи-Панзов, кој својата музика ја потпишува со псевдонимот Tripnotic, повторно е присутен на американските телевизиски мрежи.
Најсилната светска кошаркарска лига НБА повторно ја користи неговата песна „Fresh Paint“. Нумерата се појавува во разни видеоклипови направени за потребите на емисиите на НБА ТВ.

И американската Ултимејт фајт асоцијација по втор пат употребува песна потпишана од Хаџи-Панзов. Откако минатата година во емисијата „Countdown to UFC“ ја користеше песната „Monkey Face“, сега се одлучи да ја употреби „Fresh Paint“ во специјалната емисија „Road To Octagon“, која се емитува на сите позначајни спортски телевизиски мрежи во САД.

Иако се чини дека музиката на Tripnotic е особено атрактивна за спортските програми, негови песни во изминатиов период беа дел и од документарни, забавни и информативни емисии во САД, Велика Британија, Мексико и Австрија, а последниот позначаен пласман беше за песната „Phantom“ во информативната емисија „Sex, News and Rock’n’Roll“ на „Ем-Ти-Ви Канада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


