„Македонија е бугарска“ пишува на транспарентот со кој десетина бугарски националисти, пеејќи националистички песни, ја дочекаа македонската владина делегација во Ќустендил, Бугарија. Груевски и неговиот колега Пламен Орешарски ги предводат македонскиот и бугарскиот тим на заедничката мини владина седница на која треба да се развиваат добрососедските односи меѓу двете земји.
Според Канал 5, 15тина активисти на партијата на Красимир Каракачанов извадиле транспаренти додека траел официјлниот пречек и сликањето. Фотографијата е преземена од Капитал.мк , кој објави дека македонската делегација и премиерот Никола Груевски биле пречекани од премиерот Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја „И претходно и сега, Македонија е бугарска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.