Почнаа тропските горештини. Живата во термометарот се искачи над 35 -от степен. Синоптичарите велат допрва доагаат топлите денови со пеколни температури.
Здравстевните работници советуваат -хронично болните, старите лица и трудниците да бидат посебно внимателни на директното изложување на сонце. Советуваат граѓаните да не забораваат да користат повеќе течности.
Жолта предупредувачка фаза е прогласена во поголем дел од Европа. Од регионот најтопло е во Босна и Херцеговина. Со измерени 38 степени, Мостар вчера беше најтоплиот град,а се вклучи метеоалармот и во другите градови во Босна. Таму температурите во наредниот период се очекува да се искачат до педесетиот степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.