| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту далечината ниту времето не ја одвои дијаспората од Македонија

konferencijaНиту далечината ниту времето не ве одвоија од Македонија, што е доказ дека врските со татковината се живи. Иселениците треба да се посветени на една важна цел како зачувувањето на врските со татковината. Јас, од друга страна, ќе се залагам за што поголема поврзанот со нашите иселеници и зачувавање на нашиот заедничи македонски јазик, се обрати премиерот Никола Груевски пред неколку стотици претставници на повеќе од 150 иселенички организации на отвoрањето на четвртата иселеничка конференција на иселеничките огранизации во Скопје.

Македонија смета на дијаспората во нејзиниот развој, додаде Груевски.

 

kerim

Истовремено во Скопје се одржува и четвртата Глобална конференција на обединетата македонска дијаспора посветена на 100-годишнината од Букурешкиот мировен договор и перспективите на Македонија во иднината. Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, порача дека дијаспората треба поактивно да се вклучи во лобирањето за Македонија бидејќи, како што рече, заеднички може да се постигне многу повеќе.

Двете конференции продолжуваат следните три дена.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top