| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски бизнисмен ја купува франшизата на „Мекдоналдс“

Познат скопски бизнисмен е заинтересиран да ја добие франшизата за „Мекдоналдс“ за Македонија.

Два месеци откако „Мекдоналдс“ стави клуч на своите продавници и сѐ уште нема абер од повторно отварање на синџирот за брза храна, во јавноста на големо се шпекулира дека, освен Јаневски,уште еден бизнисмен, кој исто така е влезен во угостителскиот бизнис, пројавил интерес за „Мекдоналдс“, дознава Лидер.

Одговорните за комуникации во централата на „Мекдоналдс“ во Европа не откриваат детали, само кусо одговориле дека договорот за франшиза од 14 мај годинава е прекинат, а компанијата „СЈ“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните на „Мекдоналдс“.

– „Мекдоналдс“ е долгорочно посветен кон раст на бизнисот со ресторани на профитабилен начин каде што е можно. Ќе ги споделиме нашите идни планови, но сега е прерано да се шпекулира за идните активности – изјави за Јоана Квиатковска, менаџер за корпоративни комуникации за „Мекдоналдс“ – Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top