Минхен, татко носи цвеќе и фотографија од неговиот загинат син
Германската полиција интензвоно ги ситражува можните мотиви на 18-годишникот кој синиќа го шокира светот со дивјачкиот оружен напад во кој во најпопуларниот минхенски трговски центар уби најмалку 9 лица, а рани 20.
Според информациите кои почнваат да протекуваат од истрагата, момчето е идентификувано како Али Сонболи, син на таксист кој работел во есна продавница, а имал двојно државјанство, дерманско и иранско.
Соседите го опипуваат како тивко и повлечено момче, но тој самиот во снимка која се појави, а на која вреска разни навреди на сметка на туската заедница, наводно споменал дека седум години го тепале на училиште, па се појавија шпекулации дека освета за ова е крвавиот пир што се случи синоќа.
Иако идентитетите на неговите жртви се уше не се обелодените, се знае дека меѓу нив има малолетници, а полицијата потврди дека ги истражува информациите дека напаѓачот отворил лажен профил на Фејсбук и дека преку него со еден статус ги намамил жртвите во Мекдоналдс во склоп на трговскиот центар. Во статусот, од профил на женско лице, наводно напишал дека сите деца ги очекува бесплатна храна која тој, односно лажното женско лице, че им ја купи.
Токму во Мекдоналдс и започна пукањето, а сведоците велат дека почнал да пука по деца.
Бил облечен во црно, а носел црвен ранец. Пукањето потоа продолжило во други делови на трговскиот центар, а потоа и на улица.
Полицијата подоцна го најде телото на напаѓачот, а верува дека извршил самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.