Осумгодишно момче од американската сојузна држава Охајо го украло автомобилот на татко му и возејќи го возилото стасало до ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“ да купи чизбургер, соопштила полицијата.
Момчето ја земалo и својата четиригодишна сестра, а научилo да вози автомобил преку интернет.
Според неговите зборови, момчето возело до ресторанот околу километар и пол, преминувајќи ги крстосницата и пругата, без да предизвика сообраќајна несреќа. Сведоците навеле дека момчето ги почитувало сообраќајните прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.