Легендарниот НБА кошаркар Реј Ален, кој во својата богата кариера четири сезони блескаше во дресот на Сиетл Суперсоникс жали што овој прекрасен град нема повеќе свој НБА тим и преку социјалните мрежи апелираше до надлежните да направат сè ушто е во нивна моќ и да ги вратат НБА натпреварите во овој град.
– Овој град многу напредна од последниот пат кога сум го посетил. Имам незаборавни моменти минати тука, особено во „Соникс арената“. Сè уште не можам да верувам што во Сиетл нема кошарка, овој град заслужува повторно да има кошаркарски тим – напиша Ален.
Сиетл е оформен во 1967 година, а згасна 2008, откако франшизата се пресели во Оклахома Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.