| четврток, 6 декември 2018 |

Од август поевтино парно

radijator parnoПоевтинува парното греење.  Од 1 август граѓаните приклучени на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат за 2,85% помалку, оние на Скопје Север 2,12%, а корисниците на ЕЛЕМ 0,71%. Овие цени ќе важат до август следната година.

Тенденцијата е исклучените домаќинства повторно да бараат приклучок кон мрежата на топлификација, со оглед на тоа што во мај Уставениот суд не ја поништи одлуката и исклучените ќе мора да плаќаат парно и покрај тоа што не го користат. Но, расте и  бројот на оние што бараат да бидат исклучени.

Од мај досега од „Балкан енерџи груп“ 105 потрошувачи побарале да бидат исклучени, а во истиот период  37  субјекти побарале повторно да се вклучат. Новото приклучување се прави бесплатно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top