Поевтинува парното греење. Од 1 август граѓаните приклучени на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат за 2,85% помалку, оние на Скопје Север 2,12%, а корисниците на ЕЛЕМ 0,71%. Овие цени ќе важат до август следната година.
Тенденцијата е исклучените домаќинства повторно да бараат приклучок кон мрежата на топлификација, со оглед на тоа што во мај Уставениот суд не ја поништи одлуката и исклучените ќе мора да плаќаат парно и покрај тоа што не го користат. Но, расте и бројот на оние што бараат да бидат исклучени.
Од мај досега од „Балкан енерџи груп“ 105 потрошувачи побарале да бидат исклучени, а во истиот период 37 субјекти побарале повторно да се вклучат. Новото приклучување се прави бесплатно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.