Фудбалерите на Партизан одиграа слабо против ерменскиот тим Ширак и едвај се провлекоа во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, по ремито дома без голови. И на првиот меч се претставија во бледо издание кога нагости одиграа нерешено 1-1, па навивачите на „црно-белите“ протестираа против Управата.
Почнаа и да фрлаат со тврди предмети кон ложата на стадионот „ЈНА“, а уште полошо реагираше генералниот секретар на Партизан, Дарко Грубор. Со шише што долета од трибините ги гаѓаше навивачите, односно возврати со иста мера. Балканот тешко се менува, а навиките на луѓето од овие простори уште потешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)