Вардар игра многу подобро, поофанзивно и без страв во реваншот против Стеауа, а во првите 15 минути од вториот дел имаше и две одлични акции и шанси за гол и водство, откако првиот дел заврши нерешено 1-1.
Можеби и Стеауа не игра толку ангажирано, поради огромната предност од 3-0 по првиот меч, но Вардар покажа дека има квалитет за многу подобро издание од тоа во Букурешт. Штета само што нема повеќе публика на „Филип втори“ арената, за да проследи квалитетен меч. На почетокот имаше едвај илјада гледачи, а сега се нешто повеќе од 3 илјади посетители.
Сенка на реваншот фрлија инцидентите, најпрво на вардаровите навивачи со гостинските на Стеауа, а потоа и битката меѓу полицијата и „Комитите“ пред јужната трибина, непосредно пред стартот на дуелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)