Ал Каеда ја презеде одговорноста за вчерашните напади врз двата затвори во Ирак. Според соопштението од радикалната сунитска групата Исламска држава на Ирак и Левантот, блиска на Ал Каеда а чиишто припадници се борат во Сирија против Башар ал-Асад, стои дека борците со месеци ја планирале операцијата со која над 500 нивни соборци избегаа од затворите.
Ноќта кон понеделникот терористи ги нападнаа затворите „Таџи” и „Абу Граиб”. Според полицијата, во борбите загинале 26-мина припадници на безбедносните сили и над 20 затвореници. Локалните парламентарци потврдија дека од затворите избегале околу 500 осуденици за терористички активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија


