| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда ослободи 500 терористи од ирачките затвори

iraq zatvorАл Каеда ја презеде одговорноста за вчерашните напади врз двата затвори во Ирак. Според соопштението од радикалната сунитска групата Исламска држава на Ирак и Левантот, блиска на Ал Каеда а чиишто припадници се борат во Сирија против Башар ал-Асад, стои дека борците со месеци ја планирале операцијата со која над 500 нивни соборци избегаа од затворите.

Ноќта кон понеделникот терористи ги нападнаа затворите „Таџи” и „Абу Граиб”. Според полицијата, во борбите загинале 26-мина припадници на безбедносните сили и над 20 затвореници. Локалните парламентарци потврдија дека од затворите избегале околу 500 осуденици за терористички активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top