| четврток, 6 декември 2018 |

Центар ќе го чисти бувљак пазар

bivljakОпштина Центар,  ќе започне со акција за расчистување на дивиот пазар на стари работи кој се наоѓа под Скопското Кале, во непосредна близина на Царина на Република Македонија и базенот Плаја Виста.

Од Општината најавуваат дека акцијата ќе започе утре. Велат пет години никој не се погрижил да се расчисти  сметот, кој е жариште и непосредна опасност за секакви заразни болести. Тука се расфрлени стари точаци, јамболии, канти, кеси, обувки, распадната облека, пластика. На ужасната миризба и отпадот кој се наоѓа и до самата капија на Управната зграда на Царина, веќе подолго време се жалат и вработените, но и сите кои минуваат тука.

-Акцијата општина Центар ќе ја реализира со една градежна машина-утоварувач, 10-тонски камион и еден помал камион , а 50-тина работници ќе го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот. Собраниот смет ќе се носи на депонијата Дрисла.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top