Општина Центар, ќе започне со акција за расчистување на дивиот пазар на стари работи кој се наоѓа под Скопското Кале, во непосредна близина на Царина на Република Македонија и базенот Плаја Виста.
Од Општината најавуваат дека акцијата ќе започе утре. Велат пет години никој не се погрижил да се расчисти сметот, кој е жариште и непосредна опасност за секакви заразни болести. Тука се расфрлени стари точаци, јамболии, канти, кеси, обувки, распадната облека, пластика. На ужасната миризба и отпадот кој се наоѓа и до самата капија на Управната зграда на Царина, веќе подолго време се жалат и вработените, но и сите кои минуваат тука.
-Акцијата општина Центар ќе ја реализира со една градежна машина-утоварувач, 10-тонски камион и еден помал камион , а 50-тина работници ќе го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот. Собраниот смет ќе се носи на депонијата Дрисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.