| четврток, 6 декември 2018 |

Какви се цените на пазарите пред Велигден?

Една недела пред Велигден пазарите сe полни, а потрошувачката моќ слаба. Се купува овошје и зеленчук колку за да има за празничната трпеза.

– Граѓаните сѐ помалку купуваат. Оваа година мислам дека пазарите се многу слаби. Еве ја не работам зимно време, сега почнав од март навака, многу слабо, слабо се троши роба – вели еден продавач од Зелен пазар.

Табла јајца чини од 160 до 180 денари, исто како и лани. Доматите се продаваат од 90 до 100 денари, марулата 20 денари, краставицата од 80 до денри.

– Луѓето немаат пари да купуваат. Секој гледа поскромно да си помине. Јајца табала, ручек, нешто за пиење, на гости ми доаѓаат децата ќе потрошам околу 2000 денари – вели еден пензионер.

Во четврток и петок се очекува и да се зголемат цените. Оваа недела ќе биде потрошувачкиот шпиц и на пазарите и во супермаркетите каде потрошувачката се зголемува за повеќе од 20 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top