| четврток, 6 декември 2018 |

1000 евра бакшиш за македонските готвачи од Ѓоковиќ

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, ја посетил Црна Гора каде што бил заедно со неговиот добар пријател, момчето на Ана Ивановиќ, Марк Стилитано.

Во Будва тие го посетиле ресторанот „Асторија“ каде што работат седум Македонци, двајца од нив главни готвачи со потекло од Кочани, односно Куманово. „Асторија“ важи за еден од најексклузивните ресторани во Будва, кој го посетуваат најпознатите светски личности.

По вкусната вечера, Ѓоковиќ прашал кои се главни во кујната, а откако го известиле дека се Македонци, на вкупната сметка, која чинела 7.000 евра, тој оставил 1.000 евра плус за готвачите кои ја приготвиле вечерата и надополнил дека Македонија е прекрасна земја во која има многу да се види и дека по Америка планира да ја посети, пренесува „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top