Лејкерси победија по четири порази, Спарси не запираат и веќе имаат серија од 7-0, а Оклахома брзо се врати на вистинските патеки по непријатноста од пред два дена кај Голден Стејт. Тоа се најважните моменти од предходната НБА во која сепак лик број еден беше Ражон Рондо со трипл дабл од 16 поени, 11 скока и 10 асистенции иако неговиот Бостон по две продолженија загуби кај Атланта со 123-111.
Лејкерси ја совладаа Јута со 102:84 затоа што беа колективни. Ворлд Пис и Хауард дадоа по 17 поени, Гасол и Неш по 15, а Брајант забележа 14. Истиот рецепт го искористи и Оклахома при патувањето во Сакраменто. Во триумфот од 105:95, Дурант и Мартин постигнаа по 24, а Вестбрук оствари 18 коша. Со 23 реализации Паркер беше водечки стрелец на Спарси во славјето од 113:107 во тексашкото дерби против Далас, а Вејд и Леброн комбинираа 52 коша во лесната победа на Мајами со Детроит од 110-88.
Во останатите средби:
Вашингтон – Минесота 114:101
Кливленд – Милвоки 113:108
Чикаго – Голден Стејт 103:87
Њу Орлеанс – Хјустон 82:100
Мемфис – Бруклин 101:77
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.