| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трагедија на фудбалските терени – од срцев удар почина 18-годишно момче (видео)

Нова трагедија се случи на фудбалските терени, а спас немаше за 18-годишниот играч на Спортинг Кристал од Перу, Жаир Клавихо. Му се слоши во финишот на мечот против Реал Гарсилјасо и безуспешни беа обидите на медицинската екипа за реанимација. Трагедијата да биде поголема докторите немаа дефибрилатор, што е неопходен за евентуален спас во вакви случаи кога се работи за срцев удар, и за жал за Клавихо немаше спас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top