| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Македонска приказна“ почна Топол културен бран во Велес

Со претставата „Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци во Велес почна „Топлиот културен бран“. До 30 јули ќе се одржи концерт на популарна музика и промоција на книга од велешката поетеса Нада Алексова, концерт на „Синтезис“, како и гостување на Културно-уметнички друштва од Хрватска, велат од Општина Велес.

Од 20 до 31 август, покрај стандардните концерти и промоции на велешки автори, ќе може да се проследи концертот на Кристина Арнаудова и ансамблот „Келтикум“, а во втората стапа од манифестацијата ќе биде претставена културата од збратимениот град на Велес, Сомбор, преку концерт на Тамбурашкиот оркестар „Равница“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top