Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови, а снег има низ цела Македонија. Голем дел граѓани кои утрово тргнаа на пат, имаа проблеми да стигнат до крајната дестинација бидејќи патиштата утрово не беа исчистени, посебно кога станува збор за магистралните и регионални патишта.
Забрани за тешки товарни возила има на патните правеци Ресен-Битола(преку Ѓавато), Крак -Маврово-Дебар и обратно и планискиот премин Стража.
По клисурите и засеците можна е зачестена појава на одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


