| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Хајдук има голем проблем пред реваншот со Турново, Куаси и Анѓелковиќ се повредија

Игор Тудор има огромен проблем пред реваншниот меч со Турново, што Хајдук треба да го игра в четврток во Скопје. Опасниот напаѓач Жан Куаси и Мислав Анѓелковиќ, кој игра како дефанзивен играч за врска, се повредија на дуелот со Риека синоќа. Хајдук одигра 1-1 на домашен терен во Сплит.

Брзиот Куаси, кој има само 18 години, беше асистент за водечкиот погодок на Хајдук, но потоа се повреди исто како и Анѓелковиќ.

„Тие се меѓу најдобрите наши играчи. Ги загубивме за второто полувреме против Риека, што се почуствува на нашата игра. Сакав да го поштедам Маглица, да не игра докрај, но повредите ми го променија планот“, изјави тренерот на Хајдук, Тудор.

Сѐ уште не се знае тежината на повредите на фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска и на Анѓелковиќ, но можно е тие да не настапат против Турново, за 4 дена на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Куаси на првиот меч беше виновник за пеналот, што потоа го реализира Дејан Блажевски, на дуелот што заврши со победа на Хајдук од 2-1. Сплитскиот стадион „Пољуд“ наликуваше на ораница, а трева речиси немаше, по концертот што се одржа неколку дена претходно. Тоа беше хендикеп за Куаси, кој е екстремно брз и може да биде многу опасен за Турново во контранападите, ако до четврток ја санира повредата и настапи на добро подготвениот терен во Скопје. Анѓелковиќ е многу важен дел од дефанзивата кај Хајдук, па и неговото неиграње би бил голем хендикеп за младиот состав на екипата од Сплит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top