| четврток, 6 декември 2018 |

Романците провоцираа со грчко знаме, виновни испаднаа „Комити“ и Вардар

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Вардар, за наводно некоректно однесување на навивачката група „Комити“ во Букурешт, пред натпреварот со Стеауа и за време на одигрувањето.

Наводно, навивачите што допатуваа од Скопје за да го бодрат Вардар, а беа околу 250, ги напуштиле своите места и се приближиле до секторот каде што биле сместени симпатизерите на Стеауа. Уште една забелешка е дека „Комити“ биле недисциплинирани пред натпреварот.

„На помирно патување не сме биле никогаш“, велат „Комитите“. Санкции ќе трпи и Вардар, но ако е принципиелна УЕФА, тогаш ќе треба да се казни и Стеауа за однесувањето на нејзините навивачи. Тие истакнаа грчко знаме, што е провокација кон нас, а според правилата на европската куќа на фудбалот, забрането е да се истакнуваат симболи на туѓа држава на фудбалски натпревар. Грција, ниту, пак, грчки клуб не играше во Букурешт, а сепак романските навивачи истакнаа грчко знаме, што значи автоматски казна и за Стеауа. Засега УЕФА нема покренато постапка, со што паѓаат во вода наводните заложби за еднаков третман, без разлика на фудбалскиот рејтинг на клубовите и државите. Но, УЕФА често има двојни аршини, што и сега веројатно нема да се смени со евентуална казна за Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top