| четврток, 6 декември 2018 |

Алберт Втори го отстапи тронот (фото)

Белгискиот крал Алберт Втори денеска го отстапи тронот во корист на својот син, престолонаследникот Филип. Отстапувањето на престолот се случи за време на одбележувањето националниот празник на Белгија. Педесет и тригодишниот Филип станa седмиот по ред монарх.

King Albert II of Belgium Abdication and King Philippe Investiture

Филип седнува на престолот во тежок период. Поделената нација во јуни 2014 година ја очекуват избори, во екот на сè поинтензивните барања за поголема автономија на шестте милиони Фламанци кои зборуваат холандски јазик и на 4,5-те милиони валонци кои зборуваат француски јазик. Затоа улогата на монархијата би можела да биде уште повеќе намалена.

фото: ЕПА

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top