Хрватскиот џин Иво Карловиќ е вистински феномен, а денеска ја освои првата титула во АТП по пауза од 5 месеци. Од сомнеж за претрпен мозочен удар во Мајами во април кога заврши во болница во бессознание, неполни четири месеци подоцна освои турнир во Богота. Тоа се случи денеска со победа во финалето против домашниот тенисер Алехандро Фалја. Карловиќ славеше со 6-3, 7-6 и се претвори во вистински спортски јунак на годината.
За среќа, 208 сантиметри високиот Хрват, во Мајами имаше воспаление на мозочните обвивки или, со медицински речник, менингитис. Тој брзо заздрави и се врати на тениските терени, а денеска и прослави победа. И тоа го стори на импресивен начин без да загуби сервис, односно ниту еден од противниците не му направи брејк, а Карловиќ сервираше дури 102 аса на сите натпревари во Богота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


