Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенирале на критичните точки на градските сообраќајници и фрлиле околу 220 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица.
Градските екипи интервенирале на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје се чисти и проодни, а екипите на зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


