| четврток, 6 декември 2018 |

Седмица за Серена Вилијамс

Серена Вилијамс немаше проблеми на турнирот во Баштад, Шведска, и ја освои титулата без загубен сет во петте меча, вклучувајќи го и финалето денеска против Јохана Ларсон. Американката победи со 6-4, 6-1 и ја освои седмата титула сезонава, вкупно 53 во кариерата.

Домашната надеж Ларсон најави изненадување, поведе со 3-1, но сепак Серена е пресилна за тенисерки од калибарот на 76-рангираната Швеѓанка и лесно победи со 2-0 во сетови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top