-Немам против младината на СДСМ да купуваат книги од Славко Јаневски и Божин Павловски. И јас ги имам дома тие книги. Лустрацијата не го оспорува нивното книжевно дело. Би им порачал само на младината на СДСМ патем, додека читаат од книгите на овие автори нека ги прочитаат и нивните досиеја, кои се објавени, ќе биде поучно за сите. Така ќе навлезат во суштината на карактерот на нивните херои автори и ќе може послено да го разберат периодот во кој твореле.
Ова е писмениот став на претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев, кој се јави по низата реакции во јавноста по лустрирањето на повеќе академици на МАНУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.