| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Петровски за Вечерњи лист: Како Сорос ја користи мрежата на инфилтрирани агенти на УДБА за државни преврати

Директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски, на собирот „Недела за соочување со минатото“, што се одржа во Загреб, зборуваше за македонските искуства со лустрацијата. За предизвиците, за отпорот на опозицијата, за трансформацијата на некогашните соработници на тајната полиција во демократи и заземањето на високи позиции во постјугословенска Македонија, за улогата на Сорос и за нивната улога во Соросовите сценарија за спроведување државни преврати тој зборува за Вечерњи лист.

filip petrovski vecernj list

 

Лустрацијата во Македонија траеше 7 години, а беше запрена лани по препорака на Брисел за да се избегне „создавањето на поделби во општеството“.  Лустрацијата не беше спроведена темелно благодарение на политичкиот притисок на опозицијата, што, потенција  Петровски, воопшто не е случајно. Тој објаснува дека процесот беше запрен со договор помеѓу Владата и опозицијата поради внатрешната политичка нестабилност, а каква врска има лустрацијата, односно откривањето на луѓето коишто имаат соработувано со комунистичките тајни служби против сопствените граѓани, со денешните политички процеси и односи во Македонија покажува само едно – дека по 25 години од независноста на Македонија овие луѓе сѐ уште имаат силно влијание.

Лустриравме 200 поранешни удбаши: уставни судии, министри, професори и академици. Мрежата постои и денес, замаскирани се во демократи, влегоа во сите политички партии, а како што порано имаа позициска предност, дел од нив успешно приватизира големи државни компании. Удбашите прво ги презеде Сорос, а застрашувачко е што на нив се потпираат и разузнавачките служби од големите држави, вели Петровски.

lustracija

Петровски коментира дека сосема е погрешно да се мисли дека тајната полиција на Југославија – УДБА престанала со работа во 1991 година. Лично тој бил следен во 1997 година и бил оценет како опасен за системот, што значи, како што вели тој, злоупотребата на тајната полиција не престанала со исчезнувањето на Југославија. УДБА, односно нејзините трансформирани агенти, функционираат во Македонија до 1998 година, кога на власт ќе дојде ВМРО­-ДПМНЕ, но и во периодот од 1998 до 2002 година. Петровски додава дека биле шокирани кога дознале дека службите кои работеле на профилирањето на ВМРО­-ДПМНЕ, односно шпионирање на партијата, биле задолжени да ги шпионираат и додека тие биле на власт од 1998 до 2002 година преку Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Тој е дециден дека процесот мора да се спроведе докрај и темелно.

– Мислам дека тоа не е премногу доцна, но треба да бидеме и потемелни, бидејќи тие се луѓе кои се промовираат со уништување на туѓите судбини, нивните политички противници, а тоа денес се покажа во Македонија. Нивните деца или внуци сега имаат позициска предност врз основа на тоа што го направија нивните татковци и дедовци како соработници на УДБА и КОС. И што е уште полошо, тие сѐ уште се на позиции да ја спроведуваат нивната политика на исклучување, вели Петровски.

Како еклатантен пример наведува дека фондацијата Отворено општество на Сорос во Македонија ја водеше Владимир Милчин, човек кој беше лустриран. Тој е еден од оние кои до некаде создадоа позициска предност во тој систем и ја задржаа во независна Македонија.

Тој додава дека многумина го користат овој модел и продолжиле да работат во демократски услови, преку организациите на граѓанското општество да бидат промовирани како големи демократи. И тоа е перверзно.

ivan babamovski

– На протестите против Владата говор држеше и Иван Бабамовски, кој е лустриран и кој за време на комунистичкиот режим беше висок офицер на УДБА. И сега, тој е човекот кој ги осудува македонските патриоти и ја „одработува“ емиграцијата и излегува како говорник пред народните масите, извикувајќи: „Ова е недемократски режим, ние треба да го урнеме“, вели Петровски. ­ Идејата за лустрација беше да се покаже на кој начин една група луѓе напреднале во општеството. Овие луѓе не биле соработници на службата за бенигни работи. Тоа мора да се повторува одново и одново, дека се уништувани судбините на други луѓе.

Тој вели дека дел од прогонетите македонски патриоти завршиле во затвор, а добар дел од нив биле и убиени.

Дел од оние Македонци коишто биле испратени на Голи Оток немале никаква врска со Информбирото, туку биле осудени поради вмровска активност, односно за македонскиот национализам. Луѓето коишто ги предале биле унапредени на функција. И денес се играчи на политичката сцена на Македонија.

Тој вели поранешниот удбаши учествувале во приватизација на јавните претпријатија. ­ Кога Македонија прогласи независност и воведе повеќепартиски систем, бидејќи тие не беа лустрирани, на почетокот на 90­-тите се трансформираа во демократи.

– Се покажа дека тие влегоа во сите политички партии, а бидејќи имаа позициска предност, учествуваа во приватизацијата. И еден дел од нив успеаја да приватизираат големи државни компании. Исто така, се инфилтрираа во медиумите, ја држеа Македонската академија во раце за време на овој период. Може да се каже дека тие успешно се распрскани низ целиот систем. Денес, тие „демократи“ и понатаму успеваат.

makedonska-krvava-svadba-3013

– Милчин, кој раководи со Фондацијата Сорос, што го утврди и комисијата, беше соработник на УДБА и го предаде еминентниот македонски актер Ристо Шишков, ја уништи неговата кариера, па тој почина многу млад, како автентичен македонски националист. ­ Не верувам дека Сорос не го знаеше тоа, па мислам дека и тој е соучесник во операцијата која беше преземена во тие години за трансформирање на соработниците на УДБА во наводни бранители на човековите права. Такво е македонското искуство со него. Тој само ја презеде мрежата на УДБА и создаде нова која се состои од поранешни удбаши, активисти за човекови права и некои сопственици на реномирани, приватизирани македонски компании, тврди Петровски.

Петровски смета дека Хрватска ја прави истата грешка како Македонија, ако не и поголема, што 25 години по осамостојувањето не го започнала процесот лустрација и им дала можност на удбашите да се маскираат во демократи и да се устоличат во општеството.

Пред два месеци во Македонија, Соросовите НВО спроведоа акција за поставување на празни чевли пред Владата со цел да претстават масовен егзодус на граѓаните, наводно во 10-­годишната власт ВМРО-­ДПМНЕ се иселиле 600.000 Македонци.

cevli pred vlada

Скопје – Празни чевли пред Владата на РМ

И тогаш, пред некој ден кога бев во Загреб, и кај вас забележав акција со празни чевли на Зрињевац. Ова е истата акција, но за 100.000 хрватски емигранти. Истите слогани и истата методологија. Ова за мене значи дека овие структури се во транснационална соработка и дека тие веројатно се финансирани и контролирани од страна на истиот центар, што е многу опасно за демократијата. ­

cevli zrinjevac

Загреб – Празни чевли во паркот Зрињевац

Оваа мрежа создава илузија дека ќе имаме демократија во општеството, но тие преговараат за нивните активности. Моето искуство покажува дека таа главно левичарска мрежа, брзо разменува информации со мрежата во Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Македонија веќе се „увезени“ демонстрантите кои доаѓаат од други земји и учествуваат во демонстрации против владата. Ги утврдивме нивните имиња и ги објавивме. Тие се професионални демонстранти чија работа е да рушат влади. Знаевме што беше цел на УДБА -­ зачувување на Југославија. Но, сега која е целта на оваа мрежа, прашува Петровски и заклучува – зачувување на самите себе и заштита на позициите во општеството.

 

Тоа се луѓе коишто не работат на неважни позиции. Соработуваат едни со други, оставија отворени канали меѓу поранешните републики по распадот на Југославија, а она што е особено застрашувачко е што тие соработуваат со други тајни служби, особено со службите на големите држави на кои им одговара да имаат пристап до актуелните политички случувања во нашите земји, завршува Петровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top