| четврток, 6 декември 2018 |

И Исланд ја победи Македонија, од Кина се враќаме со 3 порази

И Исланд беше подобар од Македонија и победи со 99-83 во последниот меч за избраниците на Марјан Србиновски на турнеата во Кина. Претходно не победија и Црна Гора и селекцијата на домаќините.

И овојпат комбинираниот состав на Македонија одигра лошо во одбраната, па за малку ќе примевме и „стотка“. На полувремето Исланд имаше предност од 25 поени, а со подобра игра во последната четвртина, Македонија избегна уште потежок пораз.

Дамјан Стојановски беше најефикасен со 20 поени, неговиот брат Војдан го заврши мечот со 16 поени, а Соколов уфрли 15 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top