Битката за претседателската функција во Чиле на есен веројатно ќе се води меѓу две дами. Чилеанските конзервативци „Независен демократски сојуз“ дел од владината коалиција „Сојуз за Чиле“, за свој нов кандидат за претседател ја предложи министерката за труд и социјална политика Евелин Матеи. Сега се оочекува партнерот во Сојузот да ја поддржи кандидатурата на Матеи.
Сепак, според анкетите победникот во претседателската трка се чини извесен, бидејќи поранешната претседателка на Чиле, Мишел Бачелет, од редовите на социјалистите, води со 75 проценти од гласовите пред Матеи. Претседателските избори во Чиле се закажани за во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


