Една од главните алки во играта на Стеауа, стоперот Влад Кирикеш веројатно нема да игра против Вардар, во реваншот во Скопје, што е на програмата задутре. Романскиот репрезентативец се пожали на болка на десната нога и не настапи против Чахлаул, синоќа во меч од првото коло во романското првенство. Тренерот на Стеауа Лаурентиу Регекампф не сакаше да ризикува, па го испрати 23-годишниот фудбалер на трибините.
Кирикеш за кого се заинтересирани екипи од калибарот на Барселона, Манчестер јунајтед и Рома, одигра одлично на првиот дуел со Вардар и неговото евентуално отсуство во вторник ќе биде хендикеп за Стеауа.
Реваншот на „Филип втори“ арена ќе се игра од 20,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


