Романските медиуми се импресионирани од игрите на нашиот репрезентативец, Даниел Георгиевски за Стеауа и го нарекоа „македонскиот Дани Алвеш“. Десниот бек на 24-кратниот романски шампион уште еднаш ја покажа високата класа и заслуженото место како стартер во силниот тим на Стеауа, а одличната игра против Чахлаул ја круниса со гол во 27 минута. Георгиевски погоди по асистенцијата на Бурчеану за предност на шампионот од 2-0.
Претходно Адријан Попа и донесе предност на Стеауа, а Јула беше прецизен за гостите во 40 минута за конечен резултат од 2-1 за бранителот на титулата. Ова беше премиерен меч за Стеауа во новата сезона од романското првенство.
Интересна беше и најавата за овој меч, во кој најтрофејниот романски тим беше апсолутен фаворит, но се намачи да стаса до нова победа. Гостите од Пјатра Неамт возвратија на заканите на домаќините дека ќе им ја наполнат мрежата, со одговор „Ние не сме Вардар“. Тоа е алузија на лошата игра на македонскиот шампион против Стеауа, во првиот дуел од квалификациите за ЛШ, што Вардар го загуби во Букурешт со 0-3. И навистина, Чахлаул одигра многу подобро од „црвено-црните“ и пружи силен отпор, а имаше и убава шанса да израмни во вториот дел и да освои еден бод. Мечот го одбележа и прекрасната аистенција со таканарачена „Рабона“ на Латовљевичи до Попа, за првиот гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)