| четврток, 6 декември 2018 |

Албанци од Кукс и „Хорде зла“ од Сараево се здробија од ќотек (видео)

Навивачите на албанскиот фудбалски клуб Кукс и познатите „Хорде зла“ кои се најтврдокорните симпатизери на Сараево се здробија од ќотек по натпреварот на двете екипи  во квалификациите за настап во Европа Лигата.

Домаќините им направија заседа на навивачите на Сараево надвор од стадионот, па не се знаеше кој кого тепа. Полиција имаше многу малку, а и таа воопшто не реагираше. Натпреварот заврши со победа на Кукс од 3-2. Реваншот е во четврток во главниот град на БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top