Хрватската џебна Венера Даниела Мартиновиќ, како што вети на почетокот на настапот, направи концерт за паметење. Таа на сцената на прилепскиот „Пивофест“ скокаше, играше самба, се соблече боса и, пред сѐ, повеќе од два часа пееше. Покрај нејзините најголеми хитови, таа испеа и многу други познати хрватски песни, меѓу кои и оние на нејзиниот сакан Петар Грашо. Иако беше договорено концертот да трае пократко, самата Даниела не сакаше да се симне од сцената.


42-годишната пејачка никогаш немала проблем со голотијата, па ако неодамна се сликаше топлес, вечерва без да се грижи дека краткото мини ѝ открива и повеќе од потребното, таа слободно скокаше пред камерите и фоторепортерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


