Скоро половина од клупите на вториот кат на најголемиот пивски штанд во Прилеп, попуштија под притисокот. Гужвата си го направи своето, па утрово сликата беше – маси без клупи и расклопени штици, што до вчера биле клупи.
Ова е втор инцидент, на инаку мирниот „Пивофест“. Синоќа обожавателите на романската пејачка Ина го превртеа телевизискиот кран на „Канал 5“, но за среќа немаше ниеден повреден. Материјалната штета пак е минимална, а денес на местото на стариот кран, телевизијата постави нов, така што гледачите ќе можат без никаков проблем да го следат пивскиот фестивал од неколку агли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.