Фронтменот на групата U2, Боно Вокс, од Франција ја доби највисоката награда во областа на културата и уметноста, соопшти француското Министерство за култура. Боно е прогласен за „Командант на редот на уметноста и литературата“.
Ирскиот пејач е познат заговорник за доделување на поголема помош за Африка и основач на групата за борба против сиромаштијата на африканскиот континент – ОНЕ.
Тој е добтиник на повеќе награди за својата музичка и хуманитрана работа, меѓу кои и француската Легија на честа и британсакта почесна витешка титула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.