Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го критикуваше односот на Европската унија кон Турција. Тој синоќа истакна дека ЕУ не е отворена и целосно јасна, додавајќи дека Анкара би можела да побара алтернатива за Унијата.
– Наши претставници постојано патуваат во Европа и редовно не известуваат за напредокот на ЕУ. Меѓутоа, ЕУ не е отворена и целосна јасна за односите кон Турција. Таа сака да не заборави, но некако се колеба и не може никако да не заборави. Јасно нека ни кажат што сакаат со нас – изјави Ердоган.
Турција ќе побара алтернатива за ЕУ бидејќи, како што рече, се „случиле многу негативни работи во осносите меѓу ЕУ и Турција.“
-Поради сите негативности со ЕУ мораме да бараме алтернатива за нашите 75 милиони граѓани. Неодамна и на претседателот на Русија Владимир Путин му кажав дека сме подготвени да влеземе во Шангајската организација за соработка. Реков дека сакаме да станеме членка на Шангајската организација за соработка, па да и кажеме збогум на ЕУ. Да се разделиме – посочи Ердоган.
Шангајската организација за соработка е меѓудржавна организација за безбедност, која во 2001 година во Шангај ја формираа лидерите на Русија, на Кина, на Казахстан, на Киргистан, на Таџакистан и на Узбекистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.