Македонската кошаркарска репрезентација по втор пат е поразена на турнирот во Куншан, од домашната селекција на Кина, и тоа убедливо со 60-80.
Поразот на нашите кошаркари се насетуваше уште по порвиот дел по кој Кина водеше со 48 -30. Избраниците на Марјан Србиновски со лоша игра во одбраната не можеа да и парираат на домашната селекција. Кина дури имаше и поуверлива предност и од 24 поени.
Во второто полувреме одигравме подобро, со ефикасен напад намаливме на само 4 поени негатива, но не издржавме докрај, па домаќините славеа со 20 поени разлика, 80-60.
Најефикасен кај Македонија беше Војдан Стојановски со 19 постигнати поени, Александар Костовски даде 11, а Дамјан Стојановски реализираше 10 поени.
Утре од 12,30 часот нашите кошаркари го играат последниот натпревар на турнирот против репрезентацијата на Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.