Како што јави Република, група од десетина гостиварски средношколци вечерва беа префрлени од гостиварската болница, откако се пожалиле дека биле во контакт со непознат гас. Заедно со групата се примени и неколкумина професори, како и директорот на училиштето . Најмладиот ученик е роден 1995 година, а најстариот примен пациент е директорот на средното економско училиште, роден во 1949 година.
Сите хоспитализирани се етнички Албанци. Според болницата, пак, за сега не се откриени штетни материи во организмот.
Случајот потсетува на инцидентот пред десетина години кога исто така група ученици тврдеше дека се затруени со гас а анализите не покажуваа здравствени промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.