| четврток, 6 декември 2018 |

Ристевска, Поп Панкова и Панчетовиќ ќе добијат награда за животно дело на „Златна бубамара“

zlatna bubamara

На 18. издание на најпопуларната манифестација кај нас „ Златна бубамара на популарноста“, наградата за животно дело ќе им се додели на: Верица Ристевска, Зорица Поп Панкова и Даниела Панчетовиќ.

Од „штабот“ на манифестација велат дека нивниот придонес и траги во македонската забавна музика, ќе значат носталгичен музички времеплов од среќните и безгрижни 70. години кога трите диви ги пееја големите хитови на нашата забавна музика.

Инаку, полнолетството на „Бубамара“ ќе се случува на 19 февруари со девизата „Смеете да се смеете“, а препораките врзани за ова издание се: „насмевка и здрава храна, следете не и не мрсете многу“.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top