Во синоќешните мешани полициско-родителски патроли, во рамки на програмите за безбедни училишта и за правна социјализација на младите, од 23 до 03 часот низ угостителски објекти во Охрид, во централното и во периферното градско подрачје учестувуваа околу 15 родители кои доброволно се пријавија, соопшти денеска МВР.
Родителите беа во патрола заедно со преставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници на Дневниот центар за третман на деца на улица, преставници од училишните одбори и од советот на родители од средношколските образовни центри во Охрид, како и преставници на советодавните групи на граѓани на Охрид и локални медиуми и дописници.
Направени се обиколки на ноќните клубови и угостителски објекти, како и на места по крајбрежјето при што самите родители, се посчува во соопштението, имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави.
Легитимирани се околу 20-тина лица и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а беа легитимирани и неколку други лица по други основи.
По барање на родителите мешаните патроли ќе продолжат на територијата на Охрид.
Исто така, завчеравечер во 21.30 часот Одделението за превенција и ПС ОН при СВР Скопје организираше родителска патрола на подрачјето на Полициската станица во Аеродром.
Родителската патрола започна од платото пред зградата на СВР Скопје и го обиколи училишниот двор на ОУ „Љубен Лапе“ каде затекна група на млади луѓе како конзумираат алкохол.
По разговорот со нив, и запознавање со законската регулатива и укажување на можните последици во случај на нејзино непочитување, родителската патрола се упати кон Паркот на езерата, а од таму продолжи со обиколката по кејот на реката Вардар кон местото викано „Авион“ каде има лоцирано повеќе кафе барови. Во кафе баровите членовите на патролата не забележаа млади луѓе како конзумираат алкохол. Потоа патролата се упати во училишниот двор на ОУ „Лазо Ангеловски“, но ниту таму не се забележани малолетни лица девијатно да се однесуваат.
На крајот на обиколката членовите на родителската патрола во простории на ПС ОН Аеродром ги споделија своите искуства од виденото и донесен е заклучок дека и во иднина треба почесто да се реализираат вакви активности.
Основна цел на патролата беше подигнување на свеста на родителите, зајакнување на улогата на семејството како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу граѓаните и полицијата.
Инаку, овој проект започна да се реализира минатата година на подрачјето на целата држава. Беа реализирани вкупно 14 заеднички патроли и беа опафтени приближно 100 родители. Притоа активностите се покажаа како мошне успешни а медиумите дадоа целосна поддршка во нивната реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?