Поддршка за Тито Виланова, сега веќе екс-тренерот на Барселона, доаѓа од сите страни, па и од големите фудбалски ривали и конкуренти на каталонскиот клуб. Тито се повлече од позицијата шеф на стручниот штаб, бидејќи ќе мора да посвети повеќе време на битката за живот, односно да се бори со ракот што му беше дијагностициран пред извесно време.
Виланова стана еден вид симбол во битката против опасната болест, а кроткиот карактер го направија миленик и на оние што не навиваат за Барселона.
„Реал Мадрид сака да ја изрази својата почит и солидарност кон Тито Виланова и неговото семејство и кон пријателите од Барселона“, се вели во соопштението испратено од Реал Мадрид, инаку вечен ривал на каталонците и секогаш лут противник.
И доскорешниот тренер на Реал, сега предводник на Челси, Жосе Мурињо се моли за здравјето на Виланова.
„Жосе Мурињо, неговите соработници и сите фудбалери на Челси се молат за здравјето на Виланова и му посакуваат што побрзо да закрепне и да му се врати на фудбалот“, напиша на Твитер, Мурињо.
Пораки, писма со подршка на адресата на Барселона и на Виланова испратија и многу спортски ѕвезди меѓу кои и Пау Гасол, Пепе Реина, Давид Вилја, Тијаго Алкантара, Алберто Контадор…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)